Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА "НА СВОЈА КОЖА-ПРОДОЛЖИ СО НАСМЕВКА" НА МИРОСЛАВ ДРАГАНОВ

На 08 октомври 2019 година (вторник), од 19:00 часот, во Народниот театар-Гевгелија ќе се одржи несекојдневна промоција на книгата "На своја кожа- продолжи со насмевка" од авторот Мирослав Драганов. Неговата прва книга која е автобиографска и мотивациска е во издание на издавачката куќа "Матица Македонска" од Скопје. Книгата ќе ја промовира Петар Јанчев. Авторот, Мирослав Драганов е извршен директор на Институтот за човекови права (ИЧП). Магистрирал уставно право на Правниот факултет во Скопје. Книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“, Мирослав Драганов ја издава како продолжение на неговиот мотивациски проект „Продолжи со насмевка“, каде објавува мотивациски видеа и аудио епизоди. Во книгата не станува збор само за мотивациски пораки, туку и се нуди еден поведар, пооптимистичен начин за справување со проблемите, се отвораат прашања за начинот на живот, за депресивната состојба во која се доведува модерниот свет, па се` до нашата заборавена детска насмевка.
Read 80 times