Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЗДРУЖЕНИЕТО НА БОРЦИ ОД ГЕВГЕЛИЈА НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ-СВЕШТАРОТ

На 6 октомври 1943 година кај кичевското село Кленоец, во борба против балистичките банди и германските сили, загинал Јосиф Јосифовски – Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинале и повеќе од 70 партизани. По тој повед, вчера, пред споменикот во село Кленоец, беше одбележана 76-годишнината од крвавата битка во близина на ова село, каде голем број борци и месно население ги загубиле животите, меѓу другите и комесарот на втората оперативна зона, Јосиф Јосифоски- Свештарот, заменик комесарот Трајан Белев и многу други. Во „Македонската Кадињача“ животот го положиле 67 борци и триесетина жители од месното население. Букети свежо цвеќе пред монументалниот споменик беа положени од страна на Здружението на борците од Кичево и од Охрид, месната заедница село Кленоец, Сојузот на борците од Гевгелија, градот на Свештарот и голем број почитувачи на оваа епопеја. Одбележувањето беше збогатено и со културно-уметничка програма. Секоја година членови на Сојузот на борците од Гевгелија се присутни на овој ден, пред споменикот во Кленоец, за да му оддадат посебна почит на нивниот сограѓанин, народниот херој Јосиф Јосифоски-Свештарот. Јосиф Вангелов Јосифовски - Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, Македонија, во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист. Таму бил примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). Во септември 1941 година, како инструктор на Покраинскиот Комитет на Комунистичката Партија на Југославија за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Јосиф Јосифовски - Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.
Read 87 times