Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАГИНА ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ-СВЕШТАРОТ

На 6 октомври 1943 година кај кичевското село Кленоец, во борба против балистичките банди и германските сили, загинал Јосиф Јосифовски – Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинале и повеќе од 70 партизани. Јосиф Вангелов Јосифовски - Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, Македонија, во сиромашно семејство. Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист. Таму беше примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ). По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет. Меѓу другарите уживал големи симпатии. Учествувал во сите активности и протести на студентите, а еден од организаторите на друштвото "Вардар".Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски - Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист, кој ги држел врските со албанските комунисти. Истиот ден балистите запалиле повеќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови биле ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други. Храброста и непокорот остануваат симбол на крваво завршената Кленоечка битка. Преживеаните сведочат дека за одбрана на Кленоец доброволно била пријавена албанска партизанска чета, која била приклучена на одбранбената линија. Борбата покажала дека тоа не биле партизани, туку балисти преоблечени во униформи на партизаните. Вечерта извршиле масакар во селото врз Македонците партизани од првата и вторта чета на Првата Македонска ударна народно-ослободителна бригада. Речиси стотина Македонци партизани и мештани биле убиени со истрели во тил и заклани. Главата на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот била отсечена и набиена на кол до селската црква сред село... Јосиф Јосифовски - Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.
Read 103 times