Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

„ВЕТРОКАЗ“ НА ЖАКЛИНА АТАНАСОВА Е РАСКОШНА КНИГА СО ЧУДЕСНИ ПЕСНИ

Со овие зборови, промоторот, професор Димитар Пандев, во петокот навечер, во Народниот театар,пред голем број присутни љубители на убавиот пишан збор, го искажа своето задоволство од книгата поезија на професорката Жаклина Атанасова. Тој посочи дека изразот „Ветроказ“ читателот тешко ќе го разбере доколку не ја има прочитано книгата, затоа што само со сите прочитани песни, тој ќе може да одгатне што сакала писателката да каже со оваа сложенка. Оваа книга на Атанасова ни укажува дека убавината на поезијата е во јазикот, а самата книга има раскошен јазик кој ја отсликува сета убавина на македонскиот јазик. Чудесни се зборовите во оваа збирка на поезија, а авторот Жаклина Атанасова со право може да се каже дека е јазикозналец. Оваа поезија на Жаклина, ќе рече Пандев, во својата резензија, почнува со стих кој ретко може да се најде кај другите македонски поети кои пишуваат за цветот, а тој стих гласи- „Во дланката ми спие мирно цветот.“ Пред нас имаме една раскошна книга, завршува Пандев, со песни раскошни и облагородени, кои се мелем за душата. Особено е интересна песната „Ете таму“, каде Атанасова прави спој меѓу градовите Охрид и Гевгелија, преку стихот Срцето тепеше отворено ко презреана калинка.
Read 246 times