Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

И ГОДИНАВА БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ЗА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ,БРЕМЕНИТЕ И ПЕНЗИОНЕРИТЕ

И оваа есен ќе има бесплатни вакцини против грип за ризичните групи. Владата донесе одлука министерството за здравство и годинава да набави 28.000 дози наменети за бремените жени, децата до 5 годишна возраст, хронично болните, пациентите сместени на геријатрија и лицата над 65 години без разлика на висината на пензијата. Тие ќе можат да се заштитат со четиривалентната вакцина против 4 типа на грип на средината на октомври во Центрите за јавно здравје. -Лицата за кои е обезбедено бесплатно вакцинирање потребно е во службата за вакцинација да достават на увид потврда за хронично заболување заедно со упат издадени од матичен лекар. Закажувањето за вакцинација ќе се одвива преку електронскиот систем „Мој Термин“, сооштија од министерството за здравство. Исто така имунизацијата ќе биде задолжителна и за медицинските работници. Надлежните преку донација обезбедиле 10.000 дози за медицински лица кои се први на удар на вирусот. Дополнително Центрите за јавно здравје треба да набават и околу 18.000 комерцијални вакцини. Минатата сезона од компликации предизвикани од грип починаа 28 лица од 5 до 86 годишна возраст, а беа пријавени близу 22.000 заболени. Епидемиолозите очекуваат имунизацијата да започне на почетокот на идниот месец.
Read 111 times