Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

УЧИТЕЛИ, НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ- 5 ОКТОМВРИ

Професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети. Денеска 5-ти Октомври се одбележува Светскиот ден на учителите, а воедно секоја година, првата седмица од месец октомври (5 – 9 Октомври) им се посветува на децата под мотото Детска недела. Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти! „Светскиот ден на учителите се одржува секоја година на 5 октомври од 1994г. во чест на организациите на учителите ширум светот (односно синдикатите за образование). Неговата цел е да се мобилизира поддршка за учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани од страна на учителите. Според УНЕСКО, Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот.“ Наставникот треба да биде пример за учениците, но и да е соодветно ценет и платен за вложениот труд. На светскиот ден на учителите - петти октомври, просветните работници потсетуваат дека нивната професија ја гледаат како предизвик кој носи одговорност, притисоци и проблеми, па оттука сеуште нерешениот статус на дел од наставниците,ниските плати, стравот од високите казни и дополнителниот административен ангажман ги оддалечува наставниците од примарната воспитно-образовна задача.
Read 198 times