Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЖЕНИ ОД ГЕВГЕЛИЈА ВО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ СО УНИВЕРЗИТЕТОТ АКСАРАЈ ВО ТУРЦИЈА

Како што не информираше Сузана Димитриева Минова, претседателката на Организацијата на жени од општина Гевгелија, во времето од 11 до 18 септември тие биле партнери сo Универзитетот во Аксарај, Република Турција, преку младинска размена, на проектот Addicted2Life. Се работи за проект кој има за цел да им помогне на зависниците од дрога и алкохол. Екипата од Македонија беше составена од студентите Даниел Станојков, Драгана Арсовска, Ана Марија Зафирова, Ангела Колекеска и Мери Јованчева, придружувани од Сузана Димитриева. На овој проект, освен студентите од Македонија, соработуваа и студенти од Романија, Италија, Шпанија, и Литванија.Учесниците на проектот биле примени од Ректорот на универзитетот во Аксарај, а секоја држава учесничка, имаше можност во една вечер да ја претстави својата држава со културно уметничка програма.
Read 227 times