Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НА 24 ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, ќе се прикажува во 24 градови во државава. На листата, покрај Скопје, се: Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Куманово, Битола, Охрид, Свети Николе, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Неготино, Богданци, Прилеп, Кочани, Крушево, Радовиш, Гевгелија, Валандово и Виница. На 17 октомври, со почеток во 20 часот, ќе се прикажува во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци. Проекцијата во Гевгелија е на 24 октомври (20 ч.) во Домот на култура „Македонија“, а на 26 октомври (20 ч.) во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово. Во меѓувреме „Медена земја“ го продолжува својот успешен пат на светските фестивали. Минататиот викенд беше прогласен за најдобар документарец на 25. Интернационален филмски фестивал во Атина, а ја доби и наградата „Силвер Нанук“ (Silver Nanook) за оригинален уметнички израз на „Флахертиана“ (Festival Flahertiana) во Русија. Претходно, во Русија на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска им беа врачени наградите за најдобар дебитантски филм и за најдобар филм за животна средина на Интернационалниот филмски фестивал „Порака до човештвото“ во Санкт Петербург, како и гран при за најдобар филм на интернационалниот филмски фестивал „Човек и природа“ во Иркутск, Сибир. Во моментов авторите се во САД, каде што ја продолжуваат промотивната кампања на филмот во трката за „Оскар“.
Read 176 times