Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ОВАА ГОДИНА НЕ БЕШЕ ДОБРА ЗА ПЧЕЛАРИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА

За разлика од претходните години , пчеларите од некои области во Македонија велат дека оваа сезона е подобра. Имало години, велат тие, кога количините на мед биле далеку поголеми, но кога се споредуваат со претходните години, кои беа катастрофални, сега е значително подобро. Токму заради овој факт што не може да се превиди каква ќе биде годината, пчеларите со оваа дејност се занимаваат само како дополнителна дејност. Но како и било која друга дејност и овде потребно е човек да има мерак за оваа работа. Што се однесува до тоа каква година беше оваа за гевгелиските пчелари, одговор побаравме од Игор Илков, кој години наназад се занимава со пчеларство и е освојувач на голем број признанија за квалитет на медот што го произведува, како во државата, така и во странство. Тој ни изјави дека оваа година не била добра за пчеларите од општина Гевгелија. Причината, според него се временските услови кои владееја оваа година на овие наши подрачја, во пролетниот развој имаше врнежи и ниски температури односно голема температурна разлика во ден и ноќ, а во месеците мај и јуни многу високи температури и преголема суша. Поради што немаше нектар во природата за пчелите да можат да го собираат. Просечно е добиено по 10 кг. од производно семејств. За тоа дека некои пчелари добиле по 40 кг, тоа е мислена именка за Гевгелиско. Имало пред 20-30 години и по 50 кг мед по сандак, ама немало точку многу пчели, немало развиено индустрија и интензивно земјоделие. Кај мене во експериментален пчеларник лани од едно семејство извадив едвај 8 кг, а од друго пак извадив фамозни 38,8 кг. Тоа е тест пчеларник за селекција на македонската медоносна пчела. И ние работиме на тоа да ја подобриме и да имаме медоносна, мирна и здрава пчела! Ама тоа е долг процес има почеток а нема крај, ние почнавме генерациите по нас ќе треба да ја продолжат селекцијата во зададените правци, а се со цел подобрување на македонската медоносна пчела Appis mellifera macedonica
Read 122 times