Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ГЕВГЕЛИЧАНИ ЌЕ ТРЧААТ НА МАРАТОНОТ „СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ“

Тоше Анчев, Драган Ристов, Тоше Петков, Никола Ковачев и Игор Коцевски ќе трчаат во недела, на 6 октомври, на третото издание на маратонот „Скопје трча 10 км.“ Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички и Атлетската федерација на Македонија, и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Генерален покровител на СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е Агенцијата за млади и спорт, покровител е Град Скопје, а огромна помош имаме и од нашите партнери и спонзори. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА). Ќе има две трки, едната на 10 км и втората штафетна трка 2 х 5 км (двајца тркачи трчаат по 5 км, ,секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите можат да бидат мешани, машки и женски). Стартот на двете трки ќе биде во 9 часот на булеварот Илинденска, во близина на фонтана Лотус. На истото место ќе биде и целта на трката. Во трката на 10 км првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени. Со дипломи ќе бидат наградени првите 3 места во следниве возрасни категории: од 35 до 44 год, од 45 до 54 год., и 55 + год. Во штафетната трка 2 х 5 км првите 3 места во сите категории (тим од 2 машки, тим од 2 женски, тим од 1 машко и 1 женско) ќе бидат наградени со пехари и дипломи.
Read 482 times Last modified on Friday, 04 October 2019 12:52