Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПРВА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА „КОЖУФ“

Во третото коло на Втората македонска фудбалска лига - Исток, екипата на „Кожуф“ ја забележа првата победа во новата сезона против екипата на Победа од Прилеп. Фудбалерите на Кожуф во текот на целиот натпревар беа подобра екипа и го диктираа темпото. „Победа“, која не е ни бледа сенка од некогашната успешна екипа, понекогаш се бранеше и со 11 играчи. Првото полувреме заврши со водство на Кожуф од 2-0. Во второто полувреме Кожуф тргна уште посилно кон голот на гостите, два пати го погодија дирекот од голот на Победа и кога сите очекуваа зголемување на водството, во 66 минута гостите од првиот свој удар кон голот на Кожуф го намалија резултатот на 2-1. Во следното коло Кожуф гостува во Струмица кај екипата на Беласица.
Read 118 times