Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ВТОРА НА ОХРИДСКИОТ МЕЃУНАРОДЕН АТЛЕТСКИ МАРАТОН

Маратонката Валентина Узунова, која трча за своето здравје и за здравјето на болните од пулмонална хипертензија, продолжува со успешни настапи на маратонските трки. Така, Валентина вчера учествуваше на „Охридскиот атлетски маратон 2019“, кој по 33-ти пат се одржа по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, и во својата категорија го освои одличното второ место. Патеката, долга 30 километри, се трчаше од Свети Наум до Охрид, покрај самото езеро. Како што ни кажа самата Валентина, патеката била со многу нагорнини а времето многу жешко. За неа тоа не претсавувало никаков проблем затоа што кога ќе помислела колку тешко дишат болните од пулмонална хипертензија, добивала додатна сила и енергија. Инаку, во генералниот пласман, кај мажите доминираа тркачите од Кенија, а првото место го освои Моузес Кипруто Кибије, со време од 1 час, 42 минути, додека кај жените најдобра беше Адријана Поп Арсова со време 2 часа 2 минути и 9 секунди. На маратонот учество зедоа над 150 маратонци, а наградниот фонд изнесуваше 500, 300 и 200 евра за прво второ и трето место. Оваа година, организаторите внесоа и неколку новини на маратонот, односно, штафетна трка 3 пати по 10км, трка за лица од 40 до 49 години, и за натпреварувачи над 50 години, кои добија медаљи за освоеното прво, второ и трето место.
Read 399 times