Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

РАСПЕАНИ ГЕВГЕЛИЧАНИ НА „ВЕЧЕР НА СТАРОГРАДСКА ПЕСНА“ ВО ВЕЛЕС

Со песните „Девет години Јана лежала“, „Бог да бие Тино“ и „Кажи ми кажи злато“, ансамблот „Распеани гевгеличани“ настапија синоќа на традициоаналната манифестација Вечер на староградската македонска песна“ во Велес. Настанот беше организиран по повод празнувањето на 8 Септември, Денот на македонската независност, а покрај гевгеличани, пред публиката на сцената на амфитеатарот во Младинскиот парк, настапија уште и „Распеани велешани“, „Распеани радовишани“ и „Распеани валандовчани“ Сите овие ансамбли, со изведбата на прекрасни стари и нови македонски староградски песни ги пленија срцата на публиката која присуствуваше на овој претпразничен концерт.
Read 216 times