Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

КОИ НОВИНИ ГИ ОЧЕКУВААТ УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ ВО ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА

Новата учебна година ќе почне со низа промени и новини кои се вметнати во новиот Закон за основното образование, кој практично е веќе во сила. Најмногу 30 деца во паралелка, нема часови во сабота. Пропуштените наставни денови нема да се одработуваат во сабота, туку на крајот од учебната година. Новина е и тоа што оваа година првпат часовите по физичко образование во одделенска настава ќе ги одржуваат одделенскиот наставник и предметниот наставник по физичко образование. Училиштето ќе има улога да им помага на родителите, односно старателите и на учениците при изборот на средното училиште, согласно особеностите, способностите и афинитетите на учениците. Фирмата-оператор со храна ќе продолжи да се избира на тендер. Во законот стои дека директорот на основното училиште ќе биде должен да го следи обезбедувањето на стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта. Остварувањето на стандардите на постигнувања во текот на основното образование и воспитување се проверува со државно тестирање од страна на Државниот испитен центар. Резултатите од државното тестирање не влијаат врз оценките, односно врз општиот успех на учениците. За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште, учениците се организираат во заедница на паралелка и ученички парламент. Toj активно учествува во застапување и промовирање на правата и интересите на учениците, учествува во подготовката на годишната програма за работа. Освен тоа, учениците учествуваат во оценувањето на работата на училиштето, а преку свои претставници учествуваат и во советот на родители и наставничкиот совет. Со новиот закон се предвидени и казни за непочитување на низа законски одредби. Меѓу нив ја има и онаа во висина од 400 евра, која ќе му се изрече на родителот, односно старателот ако родителот, односно старателот или неговото дете врши телесно или психичко малтретирање на наставник, стручен соработник или воспитувач. Казна од 800 евра следува ако вработен телесно и психички малтретира ученик, а исто толкава казна може да добие и оној што ќе врши телесно или психичко малтретирање на наставник, стручен соработник или воспитувач. Eдна од покрупните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување во јавните училишта. Tоа треба да се случи од учебната 2022-2023 година, кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици. Тие училишта ќе станат основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.
Read 106 times