Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЦЕНИТЕ НА ПИПЕРКИТЕ И ВО 1958 ГОДИНА РАСТЕЛЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО СЕЗОНАТА НА ПРАВЕЊЕ АЈВАР

Ова го пишува на денешен ден пред 61 година тогашна „Нова Македонија“. Во написот се вели дека во последните дни, особено по дождот, цените на некои земјоделски производи се знатно зголемени.Особено цената на пиперките е зголемена од 40 на 50 динари по килограм, кромидот се продава од 60 до 7о динари, а смоквите од 50 се покачија на 70 динари од килограм. На пазарот речиси нема воопшто компири. Иако во градот постојат две продавници, една на паушална пресметка, а другата на фабриката „Зора“, сепак и овде се чувствува недостиг на градинарски производи така што луѓето се туркаат на пазар кај производителите кои носта сосема мали количества производи и ги продаваат по високи цени. Во овој период во Гевгелија е најниска цената на грозјето, столното се продава по 60 динари а винското по 40 динари. Задругите моментално не се така ангажирани во откупот, а производителите прилично ќе загубат ако мораат и столното грозје да го преработуваат во вино или ракија.
Read 122 times