Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

РАСПИШАН КОНКУРСОТ ЗА ОПШТИНСКАТА НАГРАДА „7-МИ НОЕМВРИ

Комисијата за утврдување предлози за доделување општинска награда "7-ми Ноември",при општина Гевгелија распиша КОНКУРС за доделување на општинската награда "7-ми Ноември" за 2019 година Наградата "7-ми Ноември" на општина Гевгелија се доделува на физички и правни лица како знак на признание на општина Гевгелија за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот, творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во државата и надвор од неа. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица - полнолетни граѓани од општината и правни субјекти од подрачјето на општина Гевгелија. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите -поединци треба да содржи и биографија. Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија, се приложува и 1(еден) примерок од делото. Конкурсот трае заклучно со 27.09.2019 година. Формулар за конкурирање за Наградата "7-ми Ноември" на општина Гевгелија може да се подигне во општината или на веб страницата на општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk). Предлозите се поднесуваат по пошта или во архивата во општината, во два примерока, до Комисијата за утврдување предлози за доделување општинска награда "7-ми Ноември", ул. "Димитар Влахов" бр. 4, Гевгелија.
Read 138 times