Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВO СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ СВЕЧЕНО ПРЕДАДЕНИ ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ УЧИЛНИЦИ

Во Гевгелија денес, во пресрет на 8 септември Денот на независноста на Република Македонија, беа предадени во употреба новоизградените училници во СОУ„Јосиф Јосифовски. По тој повод во СОУ„Јосиф Јосифовски“ беше одржана свеченост на која пред бројните гости, ученици и професори, најпрво, се обратија заменик министерката за финансии на Република Македонија, Ширет Елези, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков и директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“, Цветан Нелоски. Заменик министерката Елези пред присутните истакна, -Инвестирањето во едукацијата е најважната инвестиција на една Влада. Кога инвестираме во нови училишта, во подобро образование, ние инвестираме во нашата иднина. И централната власт и локалната власт мора да соработуваат со цел на секое дете да му ги обезбедиме потребните услови за учење. Едно дете не треба да се грижи дали има училна, дали таа е правилно осветлена, дали има столчиња или клупи. Тоа е нашата задача. Проектот е реализиран преку Проектот за подобрување на општинските услуги, МСИП, во рамки на Министерството за финансии, со финансиска поддршка на Светска банка, во висина од 34,7 милиони денари. Како Влада и натаму ќе се грижиме за рамномерен развој на ниво на цела држава, бидејќи само така можеме да оствариме одржлив економски, социјален и територијален развиток на земјата, рече заменик министерката за финансии Ширет Еелези.. На свеченоста се обрати и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, -Со овој инвестиционен зафат уште еднаш ги потврдуваме настојувањата на општина Гевгелија за континуирано подобрување на условите за престој и настава во сите образовни институции.Изградбата на 21 училница претставува најголемиот инвестиционен зафат последнава деценија во образованието на општина Гевгелија.Со овој проект се обезбедува обезбедува едносменско работење во ова училиште, но и целосна енергетска заштеда.Изградбата на новите училници чинеше вкупно 40.296.360 денари, од кои 34.700.320 денари се заем, кој општина Гевгелија го доби од Светска банка. За целосна реализација на проектот општина Гевгелија обезбеди уште 5.596.000 денари од општинскиот буџет, рече Поцков нагласувајќи дека на почетокот од новата учебна година и во другите училишта во општината, иако, во значително помал обем, беа реализирани зафати и активности за подобрување на училишните услови. На свеченото предавање во употреба на новите училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ свое обраќање имаше и директорот на оваа установа Цветан Нелоски: -Гордо сме исправени на прагот од еден нов почеток на СОУ „Јосиф Јосифовски“. Денес остваруваме една цел на повеќе генерации, цел започната уште пред неколку години, цел која денес е и повеќе од насока како да продолжиме понатаму, како заеднички да ја градиме иднината на ова училиште, иднината на нашите ученици и вработени.Отворањето и започнуваето со работа во новите училници беше визијата на моите претходници, но остана подеднакво посакувана дестинација за сите кои своето кариерно портфолио ќе го богатат со современиот начин на работење и дејствување. Од својот почеток 1952 година, до денес училиштето доживеа многу трансформации, но и промени во однос на просторните услови..Денес со право може да се каже дека СОУ „Јосиф Јосифовски“ прерасна во школски центар кој ги исполнува современите стандарди и услови за работење, истакна директорот на СОУ„Јосиф Јосифовски„ Цветан Нелоски. Учениците од овој средноучилишен центар новата учебна година ја започнаа во 21 новоизградена училница, со што се создадени услови за едносменско работење. Проектот беше реализиран со заем од Светска банка, преку Проектот за подобрување на општински услови (МСИП), но и сопствено учество на општина Гевгелија,
Read 366 times