Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА, МАЈКАТА ХРАБРОСТ И МАРАТОНКА КОЈА ТРЧА ЗА БОЛНИТЕ ОД ПУЛМОНАЛНА ХИПЕРТЕНЗИЈА

Приказната за Валентина Узунова многу ме потсетува на една друга мајка, од едно друго време. Се работи за јунакињата од делото Мајката Храброст и нејзините деца на славниот Бертолд Брехт. Валентина е родена во Гевгелија а живее во Богданци. По професија е книговодител и самохрана мајка е на три деца. Она што ме воодушеви кај неа е неуморното трчање на маратонски трки ширум државата и надвор од неа и, што е уште поважно, нејзината племенита мисија да трча во знак на поддршка на сите болни од пулмонална хипертензија, а посебно за гевгеличанката Ѓурѓица Ќаева. Со Ѓурѓица за прв пат се запознала на Скопскиот маратон во 2018 година. Тогаш запознава и други заболени од оваа ретка болест меѓу кои има и деца, и дознава дека нивниот лек не е на позитивната листа на фондот за здравство и за да ги набават продаваат имоти, подигаат кредити. Ѓурѓица веднаш и станала многу блиска бидејки сватила дека таа како родител поради недостигот на лекови и скапата терапија не може да си ги извршува своите секојдневни обврски, да оди на работа или да се шета со својата фамилија. Од тогаш на секоја трка, Валентина трча облечена во блуза со логото на Асоцијацијата на болни од пулмонална хиперттензија „Момент плус“ со мотивација дека на тој начин ќе ги придонесе проблемот на овие болни лица да биде што повече видлив, за надлежните институции и поединците што ги водат нив. До сега, Валентина има истрчано многу маратони, некаде над педесеттина. Најкратка трка од нив и е на 10 километри а најдолга 57, кога се трчаше за болните од ПХ на патеката од Струмица до Гевгелија. Најмногу сака да трча планински маратони, а куриозитет е што на два пати, во ист ден има трчано два маратона. Еднаш било тоа кога најпрво го трчала планинскиот маратон од 21 километар на Титов врв, а потоа вечерта се натпреварувала на Кавадаречкиот ноќен маратон. Вториот пат најнапред истрчала планински маратон во Грција а потоа и ноќен во Струмица. Има освоено трето место во генерален пласман во планински маратон, но најважно од се и е дружењето со колегите маратонци и поддршката која таа и други маратонци ја даваат на болните од пулмонална хипертензија .Инаку, Валентина трененира сама на терените околу Богданци, нема спонзори, бидејќи, како шти вели, се финансира сама од наградите кои ги освојува на маратонските трки. Во наредниот период ја очекуваат Охридскиот маратон на 31 километар оваа недела, па потоа има намера да ги трча и маратоните во Битола,на 10 километри и во Прилеп на маратонот Крали Марко на 34 километри. Да и посакаме на Валентина добро здравје и уште многу истрчани маратонски трки со кои не само што трча за своето здравје, туку и за сите болни од пулмонална хипертензија и ретки заболувања
Read 1379 times