Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЗПСК КОЖУФ ГИ ИСКАЧИЈА ВРВОВИТЕ ОД МРАМОРНИОТ ДЕЛ НА ПИРИН ПЛАНИНА

Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија Изминатиот викенд изведе акција на Пирин планина во Бугарија, за да ги искачат врвови од мраморниот дел на Пирин и тоа трите највисоки мермерни врвови Кутело II 2908m. Бански Суходол 2884m. и Вихрен 2914m. На 31ви август од Гевгелија тргна група составена од 15 членови на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија и двајца гости од Битола кон Банско и Пирин планина. Патеката по која се движеа беше Планинарски Дом Вихрен - Казаните - Премката - врв Кутело I - Кутело II 2908м. - седло Кончето - врв Бански Суходол 2884м. - Премката - врв Вихрен 2914м. ( искачен од задната страна ) - Планинарски Дом Вихрен. Најопасен дел од акцијата била Седлото Кончето кое се наоѓа помеѓу врвовите Кутело II и Бански Суходол и се поминува по него по самата ивица на која има поставено сајла и потребна голема внимателност за да се помине тој дел а и искачувањето на врвот Вихрен од задната страна е искачување по карпи со голем нагиб на кои има поставено синџири. , Најголемиот дел од екипата ја помина целата патека, некои го искачија Кутело II и Вихрен додека имаше и група која го искачи само Вихрен по планинарската патека која е најпосетувана. И со оваа акција се покажа дека во Клубот КОЖУФ Гевгелија може да учествуват на акции сите членови кои сакат да планинарат без разлика на возраста, се што е потребно за планинарење е желба и акттивно планинарење со кое се доаѓа до кондициона подговеност за акциите.
Read 134 times