Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

АЛЕКСАНДАР СТЕФАНОВ, ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Матурантот Александар Стефанов од Гевгелија е прогласен за првенец на генерацијата во учебната 2018/2019 година во СОУ„Јосиф Јосифовски“. Овој ученик во IV година од гимназиска насока ја заврши минатата учебна година со одлични резултати, кои му го овозможија ова престижно признание. За да се биде првенец, ни кажа Александар, многу работи имаат влијание. Првенствено, најбитна е посветеноста и трудот кој се вложуваат. Во која и област да се занимаваме, овие одлики мора да се присутни. Во мојот случај, јас нив ги посветив во математиката и физиката. Во овие два предмета се натпреварувам уште од основно училиште. Додека бев во гимназијата, бев добитник на солиден број награди, на кои сум исклучително горд. Исто така, за мене лично, големо достигнување беше тоа што секоја година се пласирав на Државните нстпревари во овие два предмета, каде имав шанса да се натпреварувам со најдобрите ученици од земјава во овие области. Секако, една од активностите која исто така придонесе за овие резултати е и глумата. Во текот на средното училиште активно бев член на драмска секција, со која изведовме многу претстави во нашиот театар, но и достојно се претставивме на повеќе државни и интернационални натпревари, каде бевме добитници на едни од најпрестижните награди. Во главно сите овие случувања придонесоа да ја стекнам оваа титула на првенец, но пред се придонесоа да прераснам и да се изградам во позрела личност. Од страна на градоначалникот на општина Гевгелија на Александар Стефанов му е доделена парична награда во износ од 10.000 денари.
Read 2043 times