Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

НА ДЕНЕШЕН ДЕН БИЛА ГРАБНАТА „МИС СТОН“

На 3 септември 1901 година на патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена Скала, македонски револуционери на чело со Јане Сандански, ги грабнаа американската мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка, Бугарката Катерина Стефанова Цилка. Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во Ратево, беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.[2] Еден од првите македонски играни филмови, Мис Стон (1958) е снимен токму според оваа приказна. Целта била да се обезбедат пари за националноослободителното движење. И така завршило грабнувањето. За ослободувањето на грабнатите Организацијата доби 14.000 турски лири, што ги употреби за купување на оружје. Главните дејци во тоа пленување се: Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов. Во четата влегуваат Јуруков од Карлово и Антон Ќосето (војводи), Алексо Илиев, Кара Васил, Стефан Мандалов- Манданата, Дрводелски од Враца и др. Во разни моменти составот се пополнува со други четници и месни одбрани работници. Од легалните најголема заслуга има Сава Михајлов, тогаш учител во с. Лешко (после војвода) и член на околискиот комитет во Банско. Дел од сумата била разпределена меѓу окрузите во внатрешноста, но поголемиот дел од „мис-стоунките“ беше потрошен, како што и Ѓорче Петров признава – за борба против врховистите. Заробувањето на мис Стоун има и добри и лоши резултати. Кон добрите треба да се додаде и тоа, што американската мисионерка се приврза кон идеалите, на кои што им служеа и нејзините заробувачи и после ослободувањето, држеше во Америка беседи во полза на македонското ослободително движење.“ * Откупот од 14 500 турски лири е добиен на 20 јануари 1902 г. во Банско, а жените се ослободени на 10 фебруари 1902 г. крај с. Градошорци, Струмичко. Акцијата предизвика бурни бранувања не само во Бугарија и Америка, туку и во многу други земји, придонесувајќи за популаризирање на делото на револуционерната организација. Самата мис Стоун, наспроти преживеаните стравови и тешкотии за време на заробеништвото, по нејзиното враќањето во САД држи беседи и пишува статии, во кои го осудува турскиот режим и ја поткрепува борбата на поробениот македонски народ.
Read 552 times