Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИСКО ДО НИВНИТЕ УЧИЛИШТА

Бесплатниот превоз на учениците во општина Гевгелија се одвива без проблеми, а учениците од сите населени места се превезуваат на настава во основните училишта и средноучилишниот центар во Гевгелија. Превозот на учениците се организира согласно одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија, со превозници кои имаат лиценца за општински линијски превоз на патници. По објавениот јавен повик за превоз на ученици се избрани фирмите „Дори“ и „Амиго“, кои ги исполниле бараните услуги и понудиле најниска цена за превоз. На последната седница на Советот на општина Гевгелија, советниците го усвоија ценовникот за превоз на учениците од општина Гевгелија од средното и основно образование. Превозот на учениците до училиштата во општината и обратно е бесплатен доколку местото на живеење на ученикот е оддалечено најмалку два километри од училиштето. Надоместокот за превоз на ученици се реализира согласно извршената услуга од блок дотациите за образование преку Буџетот на општина Гевгелија. Самиот превоз на ученици се организира со носителите кои имаат лиценца за општински линиски превоз. Согласно одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија за превоз на учениците месечната карта изнесува Негорци-Гевгелија 1400 денари,Прдејци - Гевгелија 1400 ден., Моин - Гевгелија 1700 ден, Ново Конско - Гевгелија 2000 ден., Богородица - Гевгелија 1400, Мрзенци - Гевгелија 1400, Миравци - Гевгелија 4.500 ден, Смоквица -Гевгелија 4000 ден., Давидово - Гевгелија 4800 и Милетково - Гевгелија 4500 денари
Read 249 times