Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА, ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ДРУГАРЧИЊА

Во основни училишта во Гевгелија новата учебна година започна со традиционалните приредби за добредојде на првачињата, што ги организираа постарите ученици. Во дворот на ООУ„Крсте Мисирков“, 90 првачиња, нивните родители и наставници ги пречекаа распеаните и разиграните другарчиња од постартите одделенија. Веднаш потоа учениците беа распоредени и преземени од одделенските наставнички, додека другите ученици имаа редовна настава. Со приредба за добредојде беа пречекани и првачињата во ООУ„Владо Кантарџиев“, кои заедно со своите родители ја проследија приредбата на која на интересен начин преку драматизација, првачињата беа запознаени со македонската азбука и значењето на секоја од 31-та буква. Во сите училишта првооделенците ја изговорија свечената заклетва дека добро ќе учат и дека ќе бидат послушни. Вкупно во четирите основни училишта во општина Гевгелија во прво одделение се запишани 200 првачиња.
Read 151 times Last modified on Tuesday, 03 September 2019 10:53