Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ СЕ МЕНУВА СТОЛАРИЈАТА И СЕ РЕНОВИРААТ ТОАЛЕТИТЕ

Покрај образовните установи, во општина Гевгелија преземени се повеќе активности за подобрување на условите за престој и воспитување и во предучилишните установи. Во централната детска градинка во Гевгелија и во детската градинка во Негорци во тек е целосната замена на столаријата. Старите и дотраени прозорци и врати ќе бидат заменети со нови со што ќе се обезбеди заштеда на енергија, но и значително подобри услови. Во централната градинка, како и во градинките „Сончогледи“ и „Цветови“ во Гевгелија комплетно ќе се реновираат тоалетите. Исто така, во сите детски градинки во општина Гевгелија набавени се детски креветчиња и нова постелнина.
Read 145 times