Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СМОКВИЈАДА: КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГОТВАЧИ НА СЛАТКО ОД ЗРЕЛИ СМОКВИ?

Брачниот пар Томе и Ангела Перунковски, заедно со Савка и Ели Сулеви, го подготвија најдоброто слатко од зрели смокви на годинашната Смоквијада 2019 година. Тие го освоија првото место на манифестацијата, за време на јавното варење на слатко од смокви на градскиот стадион, во петокот навечер. Оваа година за наградата најдобар готвач на слатко од смокви се натпреваруваа осум екипи и една ревијална. Второто место го делеа Мара Ангова и Билјана Цимешиќ, заедно со Ѓургица Прочкова и Македонија Костадинова. Додека трето место го освоија Кире и Елза Стојанови и Доца Јованова и Роска Велкова. Посебна комисија го надгледуваше варењето, а потоа го оценуваше свареното слатко.Од комисијата велат дека оваа година сите натпреварувачи беа со големо искуство и свареното слатко е со исклучително висок квалитет. Критериумите според кои се оценува квалитетот на слаткото се густината на шербетот која се мери со специјален апарат , изгледот на смоквата, како и нејзината боја. Поради изедначениот квалитет на слаткото, комисијата реши да додели по две награди за прво, второ и трето место, додека преостанатите две екипи исто така беа наградени.
Read 583 times