Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ШТО СОДРЖИ ЕДНА КАПКА МЕД ?

Медот е храна произведена од медоносните пчели од нектарот на цветовите или од секретот од живите делови на растенијата (шумски мед). Има повеќе врсти на мед: цветен, ливадски, од овошни сокови, медлика (шумски мед) и др. Медот е најсварлив прехранбен производ, Илустрација за тоа е дека организмот на човекот го усвојува без остаток (100%), Енергетската вредност на 1 кг, мед изнесува 13 800Ј а специфичната маса околу 1,41-1,45 при температура од 20 степени Ц. Исто така медот содржи состојки кои му се потребни на човечкиот организам, како гликоза, фруктоза, органски киселини, ферменти, минерали. Во медот е откриена и фолна киселина. која е многу битна за растење на организмот бидејќи ја подобрува крвната слика. Освен инвертен шеќер медот содржи и супстанции неопходни за нормален живот, на пр. ферменти без кои организмот потполно заслабнува. Капка мед содржи повеќе од сто различни материи, многу важни за човечкиот организам. По бројот на ферменти медот е меѓу најважните прехрамбени артикли. Познато е дека по содржината на микроелементите и минерали во медот (магнезиум, железо, калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, бакар, натриум и др) е еднаков со оној во плазмата на човековата крв. Медот од пчели е многу богат и со органски киселини (јаболкова, винска, лимонска) а бидејќи во него има и поленови зрнца, содржи и белковини и витамини .
Read 111 times Last modified on Sunday, 01 September 2019 16:52