Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЗАПОЧНА БОШ ФЕСТ- КУЛТУРНОТО ЛЕЧИЛИШТЕ НА ОТВОРЕНО

Концерти, изложби, претстави, перформанси, работилници, проекции на филмови, независен Саем за издавништво и многу други професионални и аматерски содржини се дел од годинашново 11.издание на БОШ Фест, што почна синоќа во Гевгелија со колективната ликовна изложба АРТ РЕЗИДЕНЦИЈА ПАПРАДИШТЕ и со проекција на шест кратки филмови,и играниот филм „Исцелител“. Фестивалот се одржува во чест на прерано починатиот актер Бошко Бозаџиевски од Гевгелија. Инаетот и цврстиот каратктер за децентрализација на урбаната култура е тоа што не турка напред сиве овие години во кои фестивалот си доби свое мото, а тоа е секоја година да биде подобар барем за нијанса од претходната, рече Марија Стојанова од организацискиот одбор. Од културната програма во сабота, на 24 август издвојуваме изложби на фотографии и цртежи во Амамот и на Ракометното игралиште, како и концертната програма со настап на групите „Фолтин“ и Нардис. Во недела, на 25 август, точно напладне е посетата и разладувањето на реката Сифулајка а во вечерните часови гледачите ќе може да ја проследат тетарската претстава „Црнила ремикс“ во продукција на МКЦ. Сите три дена за младите има настапи на познати Ди Џеј имиња.
Read 93 times