Тел: +389076437227 
22 Sep, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ГЕВГЕЛИЧАНИ, ЗАЕДНО СО СТРУМИЧАНИ, ВАЛАНДОВЧАНИ И РАДОВИШАНИ СЕ НАЈВРЕДНИ ВО ДРЖАВАТА

Најмногу луѓе кои сакаат да работат има во Југоисточниот регион од државата, кој ги опфаќа населените места во Струмичко-Радовишката и Гевгелиско-Валандовската котлина. Анализите на Државниот завод за статистика покажуваат дека со години наназад во овој регион споредено со бројот на жители има најмногу активно население, односно лица кои се работоспособни и сакаат да работат, најмногу вработени и најмалку невработени. Според последната публикација за регионите во Македонија што лани ја објави ДЗС, со години наназад стапката на активност на работоспособното население во Југоисточниот регион се движи малку под 70 проценти, а вработени се повеќе од 60 проценти. Во Југоисточниот регион е регистрирана и најниска стапка на невработеност, која во 2017 година, според последниот објавен податок, изнесувала само 12 проценти. Стапката на активност на населението над 60 проценти е уште и во Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Најмалку активно население има во Полошкиот регион, а најмногу невработени од работоспособното населени има во Североисточниот регион. Инаку, најголемата понуда на работни места во државата редовно е во Скопје. Од вкупно над 7.000 огласи за работа низ целата држава објавени вчера на веб страницата на Агенцијата за вработување, за главниот град се повеќе од половина.
Read 230 times Last modified on Thursday, 22 August 2019 11:52