Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

МЛАДИНСКА АКАДЕМИЈА ВО ДОЈРАН

Меѓународниот ден на млади – 12ти август Младинскиот образовен форум оваа година го одбележува со петдневна Младинска академија во рамки на проектот за Младинско изразување. Академијата започна вчера, 12 август и ќе трае до 16 август 2019 година, а се одвива во Хотел „Истатов“, Нов Дојран. Стотина учесници на Младинскита академијата се млади од Скопје, Тетово, Битола, Велес, Куманово, Неготино и Прилеп кои во наредните 5 дена ќе следат една од програмите на младинската академија. Аргументирано изразување, Институции на Европската унија, Медиумска писменост, Средношколско учество и организирање се четирите програми во кои се поделени учесниците на оваа академија. Првиот ден од академијата – меѓународниот Ден на Млади 12 август– учесниците го одбележаа преку отворени дискусии, изборни предавања, младински игри и запознавање со резултатите од истражувањето кое МОФ го спроведе во текот на минатата и оваа година а се однесува на Социјалниот капитал на младите во нашата земја. „За жал, 46% од средношколците испитаници во истражувањето за Социјален капитал на младите немаат средношколска заедница во нивните училишта и не се вклучени во донесувањето одлуки на ниво на нивното училиште, а повеќе од три четвртини од младите не веруваат дека државните функционери се грижат за интересите на младите. Нешто повеќе од 70% од младите генерално немаат доверба во опкружувањето околу себе – верувајќи дека речиси сите општествени односи се водени од лични интереси
Read 77 times