Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

12 АВГУСТ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЛАДИТЕ

Меѓународниот ден на младите, 12 август, кој со резолуцијата 54/120 на Обединетите нации во 2000 година е усвоен со цел постојано да се унапредува положбата на младите во општеството. Целта е вклучување на младите во општеството како клучен фактор за градење и одржување на мирот и безбедноста, но и нивно активно учество во политичките, економските и социјалните процеси. Во светот има скоро 2 милјарди млади луѓе на возраст од 10 до 24 години, а годинава тема на Меѓународниот ден е трансформацијата на образованието, за да се одбележат напорите за правење поинклузивно и подостапно образование за младите. Меѓународниот ден на младите ширум светот се одбележува со концерти, културни настани, средби на младите со претставници на национални и локални власти и низа други активности. Светскиот ден на млади е прилика да се прослави посветеноста на младите и напорите кои тие ги инвестираат за подобрување на нивната благосостојба, но и благостостојбата на нивните заедници.
Read 67 times