Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЗА ДЕСЕТ ДЕНА ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА ИНТЕРВЕНИРАЛА 16 ПАТИ ПОРАДИ ПРИЈАВЕНИ ПОЖАРИ

Во првите десет дена од месец август ТППЕ-Гевгелија имала 16 интервенции поради појавените пожари. Најголемиот број од регистрираните пожари биле на отворено, главно, на земјоделски површини и на обработливо земјиште – 10, при што опожарена е површина од околу 6 хектари, додека другите интервенци биле на запален автомобил, како и на депониите во Гевгелија и Негорци. Најчеста причина за пожарите на отворено е масовното палење на стрништата од страна на земјоделци и сопственици на ниви, кои не водат сметка за опасноста од проширување на огнот. Се разбира, и штетите што ги предизвикуваат. Оттука и апелот на ТППЕ-Гевгелија до граѓаните да внимаваат во овој период на високи температури , затоа што во 99 проценти пожарите настануваат од човечка грешка. Луѓето предизвикуваат пожар, намерно или од незнаење. Анализите покажуваат дека 65 проценти од настанатите пожари се предизвикани поради невнимание, а помал број настануваат од удар од гром или други природни влијанија.
Read 51 times