Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СЕ ОДБЕЛЕЖА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ УМЕНСКИ ПАНАЃУР

Традиционално, изминатиот викенд, по повод верскиот празник Свети Пантелејмон, сите патишта водеа кон живописното село во пазувите на Кожуф планина, селото Ума. Уменчани и оваа година во организација на Месната заедница од село Ума, со поддршка од општина Гевгелија, беа вредни и гостопримливи домаќини на уменскиот панаѓур а во чест на Светиот Великомаченик Пантелејмон, по кој е насловена и тамошната црква. Три дена, петокот, саботата и неделата бројни жители од селото, од општината, како и посетители од други места се собраа на заедничко другарување во кое не недостасуваше и музика и песна. На главната вечер, во саботата, публиката ја забавуваше оркестарот „Критериум бенд“ и познатото име од македонската фолк естрада Џесика Палашкоска. На одбележувањето на верскиот празник присуствуваа и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, претседателот на Советот на општината Ташко Дојчинов, советници, како и членови на Здружението на Власите од Гевгелија „Мегленија“. Наредниот ден, во неделата, вредните домаќини го организираа неделниот заеднички курбан- ручек кој се служеше на тремот од црквата „Свети Пантелејмон“. Беше тоа убава можност, во овие пеколни денови, два три дена да се поминат во ова планинското село, на надморска височина од 850 и да им се каже збогум на депресијата, нервозата и високиот притисок.
Read 121 times