Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПРАСКАТА – ЦРВЕНО ЖОЛТАТА КРАЛИЦА НА ЛЕТОТО

Синоним за летото е секако праската. Иако може да се најде веќе во пролет, нејзината сезона е до крајот на летото. Постојат повеќе видови праски, а обично се делат на каланка (оние од кои лесно се вади коската), дуранције (тешко се вади коската) и нектарини (праска со мазна кора). Која било праска и да ја претпочитате, нејзиниот вкус нема да ве остави рамнодушни. Праските се нискокалорични, затоа што во 100 грама содржат само 40 калории. Обично содржат 87-90 отсто вода, 11 отсто јаглехидрати, додека се оскудни со масти и со протеини. Од витамините праските најмногу содржат бета-каротен и витамин Ц. Бета-каротенот доколку во организмот го има доволно, влијае како антиоксиданс. Од минералите во праската најмногу ги има калиумот, фосфорот, магнезиумот и калциумот. Праската е ретко овошје што во себе содржи селен. Лековитост Праските се освежително овошје поради големиот процент вода што го содржат, а имајќи ја предвид и нивната мала енергетска вредност, идеални се за диета. Праската го прочистува организмот и ја подобрува работата на органите за варење. Антиоксидансите со кои е богата праската, во облик на бета-каротен, витамин Ц и Е, други каротеноиди и други фитохемикалии, ги спречуваат слободните радикали во нивното дејствување, кои се нестабилни молекули и кои настануваат при оксидација на клетките. Со консумирање праски и друго овошје што е богато со антиоксиданси ќе ги спречите хроничните заболувања, кои настануваат при дејствувањето на слободните радикали. Потекнува од Кина, од каде што и датираат првите податоци за праската – 1.000 години пр. н.е., каде што дрвото на праската се смета за дрво на животот, а самото овошје е симбол на бесмртноста и на единството. Токму затоа праската била и омилена овошка на кинеските императори. Подоцна патувајќи преку Персија го добила своето име Prunus persica. Токму во Персија, праската била откриена од Александар Велики, кој преку своите походи ги донел праските во Европа. – Праската порано била позната како персиско јаболко. – Од 1982 во САД, август се слави како месец на праската. – Праската се консумира и како афродизијак. – Освен што има богата историја, како овошје праската е богата и со витамини и со хранливи материи, кои спречуваат многу заболувања во организмот.
Read 97 times