Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ЈОРДАН И АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ И ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ СО „СКУЛПТОРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ“ ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ

Скулпторите од Гевгелија Јордан и Александар Јанев, како и Перо Кованцалиев се дел од 22 македонски уметници, кои учествуваат на биеналната изложба „Скулптури на новото време 2019“, која во петокот беше отворена во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На изложбата учествуваат Владимир Величковски, Симеон Арнаудов, Јордан Јанев, Предраг Јаневски, Јадранка Урдаревска, Виктор Лазароски, Соња Поповска – Трајковска, Емил Солески, Никола Смилков, Александар Наумоски, Илко Стојановски, Горан Ѓорев, Андреј Митевски, Ангел Коруновски, Влатко Зафирковски – Свире, Перо Кованцалиев, Марјан Стојаноски, Маја Танева, Александар Јанев, Методи Исков, Филип Перески, Давид Атанасоски , а ќе бидат претставени 26 скулптури работени во повеќе различни материјали како и во повеќе скулпторски техники. Биеналната изложба на скулптури во своето јубилејно 10. издание ја сублимира севкупната идеја на оваа изложба – хетерогеноста и богатството на современиот скулпторски израз во којшто сè е дозволено.
Read 265 times