Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

2 ЧАСА ВО ПРИРОДА И ЌЕ НЕМАТЕ ДЕПРЕСИЈА, НЕРВОЗА И ВИСОК ПРИТИСОК

Неодамнешна студија на британски научници имала за задача да ги испита ефектите од престој во природа врз здравјето. Авторите на студијата заклучиле дека луѓето кои поминуваат најмалку 120 минути неделно во природа, физички и психички подобро се чувствуваат од луѓето кои воопшто не престојуваат во природа. Додале дека корисниот ефект може да се спореди со редовна физичка активност – веројатно и поради фактот што, кога се надвор, луѓето повеќе се движат. Не морате во една прилика да поминате 2 часа во природа – на пример, тоа може да биде и повеќе од кратка прошетка во парк или шума. Заклучоците од оваа студија се во согласност со претходните студии кои ја потврдиле важноста на шетањето во природа за спречување на депресија, анксиозност, ментален замор и хипертензија.
Read 209 times