Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

И ЦРВЕНИОТ КРСТ СО ПОМОШ ЗА ОШТЕТЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ

Црвениот крст на Македонија преку Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија денеска ја подели помошта на осум фамилии, чии станови настрадаа во големиот пожар кој на 30 јули го проголта шестиот кат на зградата на улицата „Ристо Чавдаров“ а направи оштетувања и на становите од петтиот кат. Откако беа добиени извештаите од страна на општина Гевгелија за оштетените фамилии од посочената зграда, Општинската организација на Црвениот крст се обрати со барање за донирање на првична помош за овие семејства од страна на Црвениот крст на Македонија. Во текот на вчерашното попладне во канцеларијата на Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија пристигнаа пакетите храна, пакетите со средства за хигиена, прибори за јадење, душеци од сунѓер за спиење, како и ќебиња, кои во текот на денешниот ден им беа поделени на семејствата чии станови изгореа или беа оштетени во пожарот.
Read 95 times Last modified on Saturday, 10 August 2019 10:15