Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

НАСКОРО ЌЕ СЕ МЕРИ КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Квалитетот на воздухот што го вдишуваме зависи од многу фактори, меѓу кои можеме да ги издвоиме неправилното управување со отпадот, загадувањето од густиот сообраќај, и загадувањето кое се придонесува од домаќинствата и индустриските капацитети. . Одговор на прашањето дали граѓаните на Гевгелија дишат чист воздух или не, не може да се даде бидејќи нашата општина нема мерна станица која би го мерела загадувањето на воздухот. Оваа ситуација, би требало да се промени, бидејќи со заедничкиот прекуграничен проект со соседна Грција на Центарот за климатски промени, фондацијата ФЛОРИТ од Гевгелија и Министерството за животна средина, предвидено е во Гевгелија да биде поставена комплетна мониторинг станица. Бидејќи нејзината изградба може да се очекува дури во текот на наредната година, го прашавме градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, дали општината размислува до тогаш да направи едно мерење на квалитетот на воздухот што го дишат гевгеличани со подвижни мерни станици? „Убаво што го поставивте ова прашање, искрено до сега не сум размислувал за ова, бидејќи комоција ми даваше верувањето дека општина Гевгелија е една чиста еколошка средина бидејќи нема тешка индустрија и дека гевгеличани дишат квалитетен воздух. Но, динамиката на живеењето, отворањето на се поголем број еколошки проблеми од страна на граѓаните, зголемувањето на собраќајот, греењето на домаќинствата со дрва налага и еве јас тоа го ветувам пред граѓаните, дека во најскора иднина со наши средства ќе направиме првично мерење на квалитетот на воздухот преку некоја овластена институција или фирма.“, ни одговори градоначалникот Поцков
Read 56 times