Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ДЕНЕС Е СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН,ЗАШТИТНИК НА МЕДИЦИНАРИТЕ И ПАТНИЦИТЕ

Свети Пантелејмон се родил во Никомидија од татко незнабожец, Евсторгиј, и мајка христијанка, Евула. Во младоста ја изучил лекарската вештина. Господ му имаше дадено голема благодат да лечи од секакви болести, не само користејќи ја лекарската вештина, туку и со силна молитва. Доколку планирате да започнете некаков бизнис, во петок е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе ве направи успешни. Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете токму на овој ден. Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом. Црквата „Свети Пантелејмон“ во прекраснаото населено место Хума, вгнездено во пазувите на Кожуф планина, му пркоси на забот на времето веќе век и половина а фреските полека пропаѓале поради влажноста. Сепак мештаните собрале сили и пари да ја реновираат камбанаријата,надстршницата и кровот на црквата.Што е уште поважно успеале да ги вратат во црквата половината икони кои по напуштањето на селото биле сместени во Штип.Ова напуштање на родното огниште траело подолго време по ослободувањето а последниот жител ми кажува пријателот си заминал 1956 година. Кога влегувате во црквата, како да влегувате во друг свет.Строгиот поглед на светците насликани на иконите на старите зидови го следат секој ваш чекор.Во воздухот лебдеат звуците на црковните молитви кои за убаво и за лошо ги собирале некогаш жителите на ова село.Ги собирале за крштевки,за свадби за умирачки.Давале мир и спокојство барем за момент во немирните времиња кои ги имало на претек во македонската историја.
Read 150 times