Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

СЕ МЕНУВА ЕТНИЧКАТА СЛИКА ВО ДРЖАВАТА

Во 2018 година речиси половината новородени деца не се етнички Македонци, родени од татко Македонец. Од вкупно 21.333 родени деца во 2018 година, само 10.761 дете се со еден родител етнички Македонец. Другите 10.572 новородени се припадници на друга етничка заедница во земјава. Најмногу ѝ припаѓаат на албанската етничка заедница – околу 7.105 новородени деца, на турската 971 дете, на ромската 934 деца. Во споредба со бројките од 2010 година досега, минатата година првпат се родени помалку од 11 илјади македонски деца.Тоа, според демографите, покажува дека на подолг рок, ако продолжи овој тренд, процентот на етнички Македонци може да се спушти и под 50 отсто во споредба со немакедонското население. Предупредувањата се толку алармантни што одат дотаму што постои опасност, ако не се преземат сериозни и ефективни мерки, дека би можело да се смени етничката структура во државата!? Демографот Дончо Герасимовски вели дека веќе две децении е познато дека наталитетот во земјава сѐ повеќе се намалува Причина за ова е иселувањето на младите, кои ја прават репродукцијата на населението, како и тоа што во едно семејство нема повеќе од три до четири деца. Се очекува следните години да се промени етничката карта на населението
Read 156 times