Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

КОМИСИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ИЗВРШИ УВИД ВО ОПОЖАРЕНАТА ЗГРАДА

Како што не информираше претседателот на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, Филип Филиповски, оваа комисија во текот на вчерашниот ден направила целосен увид во опожарената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ број 25, за обемот на настанатата штета.. Во присуство на оштетените станари од становите на поткровјето беше попишано се она што им било изгорено во нивните домови, како врати и прозорци, мебел, електрични апарати, пари и накит, додека исто беше извршено попишување на настанатата штета и на шесте стана од петтиот кат, кои претрпеа оштетување од интервенцијата на пожарникарите при гаснење на пожарот. Во текот на утрешниот ден, петок, 9 август, комисијата ќе се состане за да го состави записникот од извршениот увид , а во рок од 30 дена таа ќе треба да изготви и Елаборат за проценка на штетата кој ќе треба да биде доставен до Советот на општина Гевгелија на разгледување.
Read 126 times