Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

61,2 OТСТО ОД МАКЕДОНЦИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ОДАТ НА ОДМОР

Според податоците на Евростат, 61,2 отсто од граѓаните на нашата држава не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината. Сепак, бројот на оние кои не можат да одат на одмор бележи пад во однос на 2010 година од кога се води статистичка евиденција за земјава, кога тој процент бил 74,2. Во Европската Унија, пак, на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години. Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците. Наспроти нив еднонеделен одмор надвор од своите домови не можат да си дозволат само 10,9 отсто од граѓаните на Луксембург и 9,7 отсто од Швеѓаните. Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците.
Read 80 times