Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВО ТЕК Е ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОГРАМАТА „ОПШТО КОРИСНА РАБОТА“

Општина Гевгелија по втор пат аплицираше за учество во програмата „Општинско корисна работа”, како дел од Оперативниот план за услуги и активни програми и мерки за вработување на Владата на РСМ за 2019 годинаТаа промовира партиципативен пристап во дефинирањето на потребите и дизајнирањето на услугите, преку инволвирање на заедницата и институциите на локално ниво. Годинава општината аплицираше со два проекти, а работното тело на програмата ги подржа и двата проекта. Проектот со наслов „Можности за сите“ општина Гевгелија ќе го реализира самостојно, а другиот проект со наслов „Отворена врата за социјална инклузија и градење подобра заедничка иднина” ќе биде реализиран заедно со општините Богданци и Дојран, врз основа на договор за меѓуопштинска соработка. Во тек се јавни повици до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа, за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Повиците траат од 5.08 до 16.08 2019 година, а заинтересираните лица Пријави за учество во програмата „Општествено корисна работа“ можат да поднесат во Агенцијата за вработување- Центар за вработување Гевгелија секој работен ден од 08 до 15 часот. Со двата повика се бараат четворица невработени лица и тоа со првиот повик се бара еден социјален работник во Дневниот центар за лица со посебни потреби, еден негувател во истиот центар и еден негувател на лице со попреченост во домашни услови, а со вториот се бара еден физиотерапевт. За периодот додека лицата ќе бидат работно ангажирани не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување - Центар за вработување Гевгелија со цел почитување на обврските согласно закон. На невработените лица - корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, а општината ќе го исплаќа данокот на личен доход, како и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Read 134 times