Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ВО ГЕВГЕЛИЈА НЕ СЕ УКИНУВААТ КВОТИТЕ ЗА ЛЕКОВИ

Телевизија Нова 12 во своите вести во понеделникот, ја пренесе изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, во која тој најавува дека ќе бидат укинати квотите за лекови на рецепт, во аптеките во пет градови и нивната околина. Според министерот за здравство Венко Филипче, квотите се укинуваат во туристичките градови Гевгелија, Дојран, Охрид, Ресен и Струга, со цел да се излезе во пресрет на жителите и на туристите. И, кога граѓаните се израдуваа дека во месец август и во аптеките во градот Гевгелија нема да има квоти, стигна ладен туш од Фондот за здравство на Република Македонија. Имено, во нивниот допис до аптеките во Гевгелија стои дека моделот на аптеки без квоти започнува со примена како пилот проект во август, во 43 аптеки кои се лоцирани во туристичките центри на територијата на подрачните служби на Фондот во Гевгелија, Охрид, Ресен и Струга и тоа во Нов Дoјран, Охрид, Пештани, Крани, Царев Двор и Струга. Значи, не се работело за градот Гевгелија, како што најави министерот Филипче, туку за Нов Дојран, место кое го покрива подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување. Телевизија Нова 12 им се извинува на своите гледачи, што не по своја вина ги доведе во заблуда жителите на општина Гевгелија. Ќе беше доволно, тој што ја подготвувал изјавата на министерот Венко Филипче, децидно да наведе дека квотите за лекови се укинуваат само за Нов Дојран, место што го покрива подрачната единица на Фондот за здравство во Гевгелија, а не за пошироката околина на Гевгелија, како што стоеше во неговата изјава, со што без причина ги доведоа граѓаните на нашата општина во заблуда.
Read 294 times