Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ГЕВГЕЛИЈА НАЈТОПОЛ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА ВО МЕСЕЦ ЈУЛИ

Највисока температура од 41 степен во минатиот месец е измерена на 3 јули во Гевгелија, а најниската се спуштила до 6,8 степени измерена наутро во Берово. Просечните температура во јули била повисока за 0,3 степени Целзиусови. Во текот на овој месец, според информацијата на УХМР, се регистрирани од седум до 28 денови со максимална температура над 30 степени, со исклучок на Маврово. Времето беше просечно топло во државата и многу топло само во Гевгелија, многу влажно во крајниот североисток и југозапад, во централниот дел било сушно, а влажно во останатиот дел од државата. Средната месечна температура варирала од 17,2 во Маврово до 27,4 степени во Гевгелија. Средната минимална температура варирала од 11,2 во Берово до 19,1 во Гевгелија. Во јули за 20 проценти имало повеќе врнежи од многугодишниот просек. Месечната количина врнежи варирала од 18,0 мм во Штип до 83,2 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд но локално пропратени со грмежи и град.Најмногу дожд на дневна основа е регистрирана на 11 јули во Охрид од 29,8 мм.
Read 214 times