Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПСИХОЛОЗИ ОД ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА НУДАТ БЕСПЛАТНА ПОМОШ ЗА СТАНАРИТЕ ОД ОПОЖАРЕНАТА ЗГРАДА

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија располага со тим психолози кој на станарите од зградата оштетена од пожарот како и на помагачите кои активно учествуваат во санацијата на последиците им овозможува бесплатна психолошка помош и поддршка во процесот на закрепнување од трауматскиот настан. Траума е тежок и загрозувачки настан, по сопствениот живот или животот на некој близок, кој најчесто доаѓа ненадејно и неочекувано и делува вознемирувачки и стресно. Траума може да доживее секој, несреќата не бира по пол, возраст или раса. На лицата кои преживеале траума им треба време да закрепнат за да можат повторно да функционираат како и пред настанот. По настанот кој ве вознемирил или исплашил нормално е да се јават силни реакции, но тие би требало да почнат да се намалуваат по неколку недели. Може да се доживат разни физички, ментални и емоционални реакции, како и реакции во поглед на однесувањето. Психолозите се стручни лица кои можат да ви помогнат полесно да се справите со таумата, да закрепнете по неа и да ја вратите нарушената рамнотежа во секојдневното функционирање. За повеќе информации станарите може да се обратат на психолозите на телефоните за контакт или во психолошката служба во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија. Контакт: Розита Андонова, дипломиран психолог, психодрама психотерапевт под супервизија мобилен телефон : 078 331 351 Димитар Чучанов, дипломиран психолог мобилен телефон : 078 218 031
Read 164 times