Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

Вести

ПИЈАНО ДУОТО ГЕЛЕБЕШЕВИ ЌЕ НАСТАПАТ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Утре, 7 август, во рамките на 59-то издание на фестивалот Охридско лето, свој настап ќе има пијано дуото Гелебешеви. Во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“, во првиот дел тие ќе настапат со дела од американскиот композитор Семјуел Барбер, Сувенири, опус 28, Шпанската рапсодија на Морис Равел, како и Еспања на Емануел Сабрие, додека во вториот дел ќе бидат изведени шест пиеси за пијано, четирирачно, опус 11 од Сергеј Рахмањинов Уште од почетоците на своето делување во 2001 година, пијано дуото Гелебешеви, составен од Катерина Гелебешева-Костадиновска и Глигор Гелебешев, се промовираа како ансамбл со ретка виталност и свежина на нашата музичка сцена. Секако тоа е квалитет од висок калибар, а настапите на дуото Гелебешеви се карактеризираат со перфекција во музичката креацијата доловувајќи ги суштинските одлики на композициите од технички, уметнички или стилски аспект. аракОд нивните првични домашни настапи кои често вклучуваат и премиерни изведби, дуото Гелебешеви постепено започна да ја проширува својата концертна дејност на интернационално ниво и тоа во Франција, Холандија, Италија, Романија, Полска, САД, Хрватска, Словенија и други држави. Дуото Гелебешеви имаат остварено настапи во речиси сите градови во земјава и на реномираните фестивали како: „Интерфест“ – Битола, „Хераклејски вечери“ – Битола, „Денови на Македонска Музика“ – Скопје, „Златна лира“ – Скопје. Во 2012 година, ја добиваат наградата „Златна лира“ врачена од Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со Македонската филхармонија изведувајќи го концертот за две пијана и оркестар од Ф. Пуланк. Нивниот репертоар во континуитет се надградува и опфаќа дела од сите музички периоди од класиката, преку романтизмот до современата музика. Во текот на својата повеќегодишна работа дуото Гелебешеви имаат објавено и две аудио изданија во 2008 и 2018 година кои наидуваат на одличен прием кај стручната музичка јавност. дуото Гелебешеви имаат објавено и две аудио изданија во 2008 и 2018 година кои наидуваат на одличен прием кај стручната музичка јавност.
Read 72 times