Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

„ДОЈРАН СТИЛ„ МЕЃУ ПЕТТЕ НАЈГОЛЕМИ МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКИ КОМПАНИИ

Металопреработувачката индустрија во Македонија оваа година покажа знаци на опоравување, после неколку години стагнација. Но, сепак перспективите на оваа индустрија не се розови бидејќи ЕУ воведе неодамна квоти и царини за увоз на челик на европскиот пазар од Македонија. Според податоците на Централниот регистер, меѓу првите десет најголеми компании од металопреработувачката индустрија на првото место по остварениот приход од продажба на метали се наоѓа компанијата Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) со 118 милиони евра, додека петтото место со вкупен приход 47,8 милиони евра ја држи компанијата „Дојран Стил„ ДОО Експорт Импорт “Дојран стил” од Николиќ е фабрика за производство на жица и производи од жица. Производниот капацитет е 60.000 тони арматура железо и 15.000 тони/годишно мрежа и носачи со вкупно 160 вработени.
Read 1722 times