Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ОТВОРЕН ПОГОН НА ГРЧКАТА ФИРМА „СТАР ФРЕШ„ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Од неодамна, семејството на малите и средни претпријатија, кои се отвораат од страна на грчки државјани во општина Гевгелија, е збогатено со уште едно претпријатие. Се работи за фирмата „Action group„,дел од грчката фирма „Стар Фреш„, од Катерини, во која се конфекционираат влажни марамчиња за ресторани и хотели. Моментално во овој погон се вработени 15 работници, а според зборовите на сопствениците Христос Тахос и Адамос Ваикопулос, во скоро време се очекува да се вработат уште 15 работника. Дневно, фирмата „Стар Фреш„ произведува 25.000 марамчиња за еднократна употреба, кои се пласираат на грчкиот и европскиот пазар. Сопственикот Тахос е задоволен од досегашната работа на вработените во фирмата и, како што ни кажа, планира за една година да изгради во Гевгелија сопствен објект, во кој ќе се вработат уште повеќе работници, а со тоа ќе се зголеми и производството на влажни марамчиња за кои постои интерес и на македонскиот пазар.

Read 4577 times Last modified on Thursday, 09 August 2018 05:28