Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

СЕКОЈ ОД НАС ЌЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА И ДА ПРОДАВА СТРУЈА

Со новиот закон за енергетика, македонските домаќинства можат да произведуваат електрична енергија од сонце и да ја користат за сопствени потреби или да ја предаваат на пазарот, но ќе треба да почекаат до септември. Неопходен е правилникот за обновливи извори на енергија, со кој треба да се дефинираат условите и начинот како ќе се предава енергијата во дистрибутивната мрежа, кој треба да е готов следниот месец. Со правилникот за обновливи извори на енергија ќе бидат подетално определени условите и начинот по кои вишокот од произведената енергија ќе се предава во електродистрибутивната мрежа.Министерство за економија треба да го донесе правилникот најдоцна до 3 септември 2018 година.

Производителите на електрична енергија за да може да ја продаваат, мора да поседуваат лиценца за вршење енергетска дејност, производство на електрична енергија издадена од Регулаторната комисија за енергетика. Со новиот закон за енергетика, како мерки за поддршка на производителите на електрична енергија што користат обновливи извори на енергија се предвидени повластените тарифи и премии. Споменатите акти треба да бидат донесени до септември 2018 година.

.
Начинот на кој вишокот од произведената енергија од обновливи извори на енергија наменета за сопствена потрошувачка ќе се предава во електродистрибутивната мрежа ќе биде уреден со два подзаконски акта – правилник за обновливи извори на енергија и мрежни правила за дистрибуција на електрична енергија. Со правилникот се пропишуваат условите и начинот по кои вишокот од произведената енергија од обновливи извори наменета за сопствена потрошувачка ќе се предава во електродистрибутивната мрежа. Министерство за економија треба да го донесе правилникот најдоцна до 3 септември 2018 година.

Со мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија ќе бидат уредени техничко-технолошките услови, начинот за приклучување и начинот на користење и пристап на електродистрибутивниот систем од корисниците што произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, како и начинот на кој произведената електрична енергија се предава во електродистрибутивната мрежа.
Операторот на електродистрибутивниот систем треба да ги донесе мрежните правила најдоцна до 5.6.2019 година.

Read 3011 times