Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

10 ИНОВАЦИИ КОИ ЌЕ ЈА ИЗМЕНАТ СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА

Иновациите се двигателот на светската економија, и не може да бидеме попродуктивни без новите технологии, стратегии и пазари. 

Аналитичкиот оддел на Citibank подготви листа од 10 иновации што го имаат потенцијалот да го сменат начинот на кој што размислуваме за економијата.

1. Сами да создавате енергија

Mоже да ги промени бизнис моделите на енергетските и комуналните компании Kомпаниите почнаа да им даваат на луѓето алатки со коишто може самите да си ги задоволат потребите за електрична енергија. Ако овој тренд продолжи, главниот извор на енергија за многумина нема да бидат класичните електрани, туку нивното соседство исполнето со соларни панели.

2. Контекстуална трговија

Kонтекстуална трговија (contextual commerce), им овозможува на потрошувачите да купуваат продукти кога и како сакаат. Вашиот фрижидер би можел да забележи дека ви снемува млеко, па ќе ве потсети да купите. Или пак, си разговарате со пријателите на Facebook Messenger околу некоја забава на која треба да одите, а апликацијата ви сугерира да повикате такси или Uber за да стигнете до таму.

3. Нови места за продажба

Онлајн платформата Etsy им овозможува на малите занаетчии и сите останати креативци што имаат да понудат рачно изработени производи да продаваат директно на заинтересираните, а со помош на вебсајтовите како Squarespace, малите бизниси може да направат онлајн продавница за својата понуда.

4. Епигенетика

Епигенетските лекови се класа на медикаменти што може да влијаат врз промените во гените (да ги исклучат или вклучат таргетираните гени)  и на тој начин да го сопрат канцерот во неговиот прогрес, со што ќе им дозволат на останатите лекови, како имунотерапевтските третмани да ги елиминираат канцерогените клетки.

5. Нов изглед на уредите

Екрани што се виткаат, нови материјали,  и аугментираната реалност може да придонесат кон следниот бран на промени во дизајнот на уредите. Телефоните би можеле да изгледаат како новчаници со екрани на виткање, а ТВ уредите да бидат тенки како хартија и да може да си ги носите со себе свиткани во ролна.

6. Smart box

Кога сите ваши уреди дома ќе бидат поврзани со интернет, смарт кутијата ќе ви треба за да ги поврзете да “зборуваат“ меѓу себе. “Интернет на нештата“ подразбира предзнак “паметно“ во секојдневните технологии, но големата битка е за “кутија“  што сите овие паметни уреди ќе ги поврзе.

7. Нови офталмолошки третмани

Ако се пронајдат нови начини за одржливи третмани на очните болести, тогаш може да се заменат сегашните лекови, капки и сл.

8. Роботика

Со новите напредоци во роботиката на различни полиња, индустриските роботи имаат поширока технолошка база на располагање, и би можеле да извршуваат задачи што бараат поголема колаборација и комуникација.

9. Термопластични подводни цевки

Вадењето нафта на големи длабочини е голем потенцијал за нафтената индустрија, но трошоците се огромни. Напредни пластични цевки може да траат подолго, поевтини се и полесно се инсталираат наместо традиционалните челични, што би можело значително да ги намали трошоците.

10. Нови полупроводници

Силициумот  беше главен материјал досега  во полупроводниците  што ги има во секој електронски уред. Но, технологијата базирана на силициум ги достигнува физичките граници од аспект на брзината и величината.  Новитетите во полето на т.н. wide – bandgap полупроводници би можело да значат помали и помоќни микрочипови во иднина.

Превземено од Капитал

Read 1758 times